Велес е празен, крадците го користат моментот. Ограбен е кафе бар Каса!

1

Одлуката кафе баровите да ги затворат своите објекти после 18 часот, како превентива од ширење на коронавирусот, крадците ја видоа како своја шанса. Синоќа, по затворањето, од кафе барот Каса се украдени неколку маси и столчиња. Почицијата го потврди случајот.

“На 14.03.2020 во СВР Велес било пријавено дека во временскиот период од 18.00 часот на ден 13.03.2020 година до 09.30 часот на ден 14.03.2020 година од тераса на угостителски објект на ул. Благој Ѓорев биле украдени два двоседа и три клуб масички. Бил извршен увид од екипа од СВР Велес. Се работи на расчистување на случајот”, објави денеска СВР Велес.

Според информации на Батали, крадецот е фатен, а се работи за човек кој живее во истата зграда, во која е сместен кафе барот.