Американска компанија ги објави резултатите од испитувањето на вакцината за Ковид 19

2
Corona Vakcina

Американска компанија Новавакс ги објави резултатите од тестот кои покажуваат дека вакцината против коронавирус е безбедна и предизвикува имунолошки одговор.

Компанијата објави податоци од тестирање во фаза 1 во кои учествувале 131 волонтер. После две дози на вакцината, учесниците развија неутрализирачки антитела кои беа на повисоко ниво, четири пати повисоки, од антителата развиени кај луѓе кои се оздравеле од ковид – 19.

Вакцината исто така предизвика одговор на Т-клетки на анализа на 16 случајно избрани доброволци, се вели во извештајот.

Учесниците во студијата добија две дози на вакцината во различни дози, со и без компонента за зајакнување на имунолошкиот систем.

Од 126 лица кои ја примиле вакцината, пет развиле сериозни несакани ефекти, вклучувајќи болки во мускулите, гадење и болки во зглобовите, а едно лице имало блага треска. Несаканите ефекти траеле во просек од два дена или помалку.

Можеби ќе ве интересира: