Успешна крводарителска акција во Градско

4
Crven krst krvodariteli Gradsko

Граѓаните од Општина Градско, денеска повторно ја покажаа нивнаата хуманост. На крводарителската акција која се одржа во Домот на културата даруваа 48 крвни единици. Поголем дел од крводарителите или 40 беа мажи, а останатите осум беа жени.

Тројца од нив за прв пат даруваа и станаа дел од најхуманото семејство во државата.

Оваа бројка на дарители, од вкупно 48 е исклучително висока ако се има во предвид фактот дека се работи за крводарителска акција во летен период од годината во една од најмалите општини која брои само околу 3500 жители.

Крводарителската акција зеднички ја организираа Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.

На 13 и 14 август во Ликовниот салон во Велес ќе се одржи традиционалната Летна крводарителска акција.

Можеби ќе ве интересира: