четврток, 24 септември, 2020
Реклама

Велешки Борец триумфално се прошета кај шампионот Вардар

VARDAR-BOREC-2019-23

На стартот на новата сезона од Првата македонска фудбалска лига екипата на Борец триумфално се прошета кај македонскиот првак Вардар.

Тимот на Горазд Михајлов дојде до предност уште во првата минута, од првата сериозна шанса со голот на Радовиќ, на асистенција на Фернандо.

Во две минути, поточно во 21. и 22. минута, Прелчец имаше две добри шанси, но шутираше крај дирекот. Првиот шут по една тимска акција Вардар го имаше дури во 35. минута кога Реџепи се обиде од далечина, но безуспешно. Пред крајот на првиот дел Радовиќ промаши одличен зицер да зголеми на 0-2, а на стартот на вториот дел, Бурхан Мустафа со одлична интервенција по еден слободен удар на Мицевски спречи изедначување.

Избраниците на Горазд Михајлов беа доста поактивни, и речиси во ниту еден момент не им дозволија на вардарци да домининираат на теренот.

Екипата на Борец во наредно коло на домашен терен ја пречекува екипата на Ренова.

Можеби ќе ве интересира

Mon Жан - Играчки