(ВИДЕО) Знаете ли што да правите, ако добиете симптоми на коронавирус?

3

Ги прашавме Велешани дали знаат што треба да направат, ако забележат кај себе симптоми на коронавирус. Половина од оние кои ги анкетиравме одговорија дека не знаат. Другата половина беше информирана дека во случај да забележат симптоми на болеста, не треба да одат на лекар, туку треба да се јават на телефонскиот број во Центарот за јавно здравје, од каде ќе добијат понатамошни инструкции. Во продолжение, погледнете ја анкетата, во која ги објавуваме и телефонските броеви во сите Центри за јавно здравје во земјава: