Атлетико Мадрид пријави два позитивни случаи на коронавирус

2
Atletico-Madrid

Атлетико Мадрид извести дека има два позитивни случаи на коронавирус во својата експедиција, откако вчерашните направени тестови покажале резултати кои никој не сакаше да ги замисли, особено не пред тргнувањето во Лисабон.

Клубот од шпанската престолнина излезе со официјално соопштение и нагласи дека сака да ја задржи приватноста на двајцата членови со тоа што нема да ги објави нивните имиња, нагласувајќи дека двајцата се испратени во самоизолација, а се трагаат и луѓето со кои имале контакт во последните денови.

Шпанскиот клуб треба на 13 август во Лисабон да игра меч од четвртфиналето на ЛШ против Лајпциг. Сега главното прашање е дали појавата на позитивните случаи ќе влијае врз одигрувањето на натпреварот.

Можеби ќе ве интересира: