Цените на горивата остануваат исти, поскапува мазутот

1
benzin

Цените на бензините, дизелот и екстралесното масло остануваат исти, а од полноќ за 1,611 отсто ќе биде зголемена цената на Мазутот М-1 НС, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60 денари за литар, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 62 денари за литар, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,50 денари за литар и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,412 денари за килограм и од полноќ ќе изнесува 26,121 денари по килограм.

Можеби ќе ве интересира: