(ФОТО) УЛИЦИТЕ НА МИНХЕН СЕ ПРАЗНИ

2

Откако Светската здравствена организација прогласи пандемија поради ширењето на коронавирусот, Германската канцеларка Ангела Меркел побара во државата да се откажат „помалку важни собири“ со помалку од 1.000 луѓе во борбата против спречување на ширењето на новиот коронавирус.

Јавните контакти треба да се избегнуваат колку е можно повеќе, изјави канцеларката по состанок во Белрин со регионални официјални лица.

Во последното деноноќие во Германија се потврдени два смртни случаја од коронавирусот. Бројот на заразени во Германија е 3.481, а починати се осум лица.

А како е моментално во Минхен погледнете од фотографиите на нашиот Facebook Fan Page.