петок, 25 септември, 2020
Реклама

За две и пол недели Либан би можел да стравува за леб

beirut_1

Либан може да остане без леб за околу две и пол недели, бидејќи 85 проценти од житото доаѓа преку пристаништето во Бејрут, а сега е уништено во експлозија која се случи минатиот вторник.

Дејвид Бизли, директорот на Светската програма за храна го изјави ова денес, кој во Бејрут ги проценува штетати од експлозијата во пристаништето на 4 август.

Директорот Бизли, на онлајн конференцијата на ОН за хуманитарната состојба во Либан по експлозијата, рече дека неговиот тим утврдил дека, и покрај последиците од експлозијата, пристаништето „може да биде оперативно на привремена основа.

Експлозијата која го срамни со земја главното пристаниште и уништи цели делови од либанската престолнина се случи на 4 август. Речиси 200 лица ги загубија животите, околу 6.000 беа повредени а 300.000 останаа без своите домови. Само материјалната штета се проценува на 15 милијарди долари.

Можеби ќе ве интересира:

Mon Жан - Играчки