Пациентка од велешката болница сомнителна на Ковид-19 во тешка состојба транспортирана во ГОБ „8 Септември“

Brza pomos vozilo
Brza pomos vozilo

66-годишна пациентка од село Каратманово синоќа е итно транспортирана во Ковид центарот на Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје. Кај неа до синоќа се уште не бил потврден вирусот и се води како сомнителна, но здравјето и се влошило и во тешка општа состојба е пренесена во Скопје.

Во меѓувреме, 26 пациенти се згрижени на Инфективното одделение во велешката болница. Од нив, седуммина се од Велес, 12 од Свети Николе, четворица од Кавадарци и тројца од Неготино.

Agria

За 22 пациенти е потврдено дека се позитивни на коронавирус, а четворица се сомнителни. Од велешката болница информираат дека шест пациенти примаат кислородна поддршка.

Од почетокот на пандемијата во Велес се регистрирани вкупно 341 заразен со коронавирус. 293 се излечени, а 16 пациенти ја загубија битката со коронавирусот.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: