
Во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за носење заштитна маска како превенција од коронавирусот, регистрирани се 428 прекршоци, информираат од МВР.
Паричната казна за ваков прекршок е 20 евра во денарска противвредност, а доколку се плати во рок од 7 дена, таа се преполовува.
Од ресорното министерство воедно апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.
Можеби ќе ве интересира:
https://batali.mk/18939/izvodite-od-matichnite-knigi-zaminuvaat-vo-istorijata-ke-gi-zameni-edna-potvrda-od-czentralniot-registar-na-naselenie/
















