Потпишан меморандум за соработка помеѓу Општина Велес и институтот “Ромалитико“

Ace Kocevski i Romalitiko

Во рамките на проектот за инклузија на ромите финансиран од УСАИД, Градоначалникот Аце Коцевски потпиша меморандум за соработка со м-р Елвис Шакири, извршен директор на Институтот за истражувања и анализа на политики „Ромалитико“ од Скопје.

Врз основа на меморандумот во наредниот период взаемно ќе се соработува на реализацијата на голем број активности меѓу кои следење на промените и проблемите во заедницата, застапување на предлозите на граѓаните како и соработка со институциите на локално ниво со цел да се подобрат услугите и правата на жителите од ромската заедница.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во рамките на проектот ќе бидат формирани проектни тимови во кои ќе учествуваат претставници на општината кои работат во различни сектори како урбанизам, социјална заштита и други области на надлежности.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: