Еден велешанец позитивен на вирусот во последните 24 часа

Veles od kosturnica
Veles-dron-1-scaled

Еден нов случај на заразен од Ковид 19 во Велес во последното деноноќие регистрира Министерството за здравство.

Од вкупно 1032 тестирања, регистрирани се 115 нови случаи на ковид-19. Скопје има 53 нови случаи, Струга 13, Охрид и Тетово осум, Дебар и Прилеп по шест, Гостивар пет, четири во Куманово и Кичево, теи во Штип, Ресен два и по еден нов случај има во Пробиштип, Свети Николе и Велес.

Agria

Починати се 7 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Крушево.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени лица. Скопје 26, Велес два, Гостивар и Кичево три и Ресен шест оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7046, бројката на оздравени пациенти е 3027, на починати е 341, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3678.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: