30 years Kozuvcanka Web Banner_600x200

(ВИДЕО) Кои се велешаните кои имаат значајна улога во создавањето на филмот „Стела“

stela

Филмот „Стела“, чија премиера се одржа на 18 септември, го отпочна своето патување до публиката. Иако е снимен лани и готов уште пред шест месеци, поради ковид-кризата, тој е промовиран овој месец, во рамките на отворањето на филмскиот фестивал „Синедејс“.

Zito akcija 640x289px

Во огромната филмска екипа која работеше на овој филм, се наоѓаат и двајца велешани, без кои, филмот немаше да изгледа така, како што го замислил режисерот Стојан Вујичиќ.

Agria

Монтажата на филмот ја потпишува Данчо Стефков, човек кој долги години е присутен во филмската индустрија во земјава. Тој е автор или ко-автор на многу документарни и играни филмови, како „Македонска Миланска скала“, поетскиот филм „Елегија за тебе“, истражувачкиот документарец „Гробот на Панко Брашнаров“, играно-документарниот филм „Последниот Македонец“ и уште многу други, а пред „Стела“, работеше и на играниот филм „Дедо и внук“. Стефков е сопственик на „Тулип продукција“, која, пак се потпишува на бројни музички и комерцијални фимови.

Danco Stefkov
Данчо Стефков – монтажер на филмот „Стела“

Еден од главните ликови во „Стела“ е истоименото куче – шарпланинец, кое е сврзувачкото ткиво на разделеното семејство од филмот. За да ги „одигра“ сцените така како што режисерот Вујичиќ замислил, за Стела беше задолжен дресерот, велешанецот Ристе Гиовски. Тој е по професија дресер, а оваа работа професионално ја извршува во АРМ, каде што е вработен. Гиовски е сопственик на стационарот за кучиња „Гиовски тим“, кој се наоѓа во атарот на село Војница, велешко.

Riste Giovski
Ристе Гиовски – дресер на шарпланинката Стела

„Стела“ е првиот детски и семеен филм во Македонија. Во него, покрај шарпланинката Стела, главните улоги ги толкуваат и 13-годишниот Петар Маниќ кому ова му е прва улога, Дејан Лилиќ, Тони Михајловски, Симеон Дамески и Христина Поповиќ. Сценариото е на Ева Камчевска, кинематографијата е на Ѓорѓи Клинчаров, костимограф на филмот е Милена Миленковиќ, а снимател на звукот е Срѓан Бајски. „Стела“ е во продукција на „Дрим Фектори“ и е македонско-германско-српска копродукција.

Погледнете го разговорот со мотажерот Данчо Стефков и дресерот на Стела Ристе Гиовски, снимени на премиерата на филмот.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: