![Veles Juli 2023 oblacno](https://batali.mk/wp-content/uploads/357984309_1019770049029669_1701587063329498229_n.jpg)
Времето во четвртокот во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно, со локален пороен дожд и грмежи. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Индексот на ултравиолетовото зрачење (UV) ќе има вредност 7.
Содржината продолжува под рекламата
Утринските температури се движат во интервалот меѓу 9 и 18, додека максималните дневни соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 20 и 29 Целзиусови степени.
Содржината продолжува под рекламата
Во Велес ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со повремен пороен дожд и грмежи. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Температурата ќе достигне до 28 степени.
Можеби ќе ве интересира: