![](https://batali.mk/wp-content/uploads/inbound2572698623698994692-scaled.jpg)
Тешка сообраќајка се случи утрово на патниот правец Прилеп – Градско. Две лица загинале, а тројца се тешко повредени. Според првичните информации, дошло до верижен судар на четири возила. Сообраќајот е во прекин, а до несреќата дошло во 6.40 часот.
Содржината продолжува под рекламата
Местото на судирот е на 500 метри од крстосницата “Камен Дол”. Смртта кај двете лица била констатирана на лице место.
Содржината продолжува под рекламата
На терен интеревнирала и Територијалата противпожарна единица од Кавадарци со две возила и шест пожарникари.
Можеби ќе ве интересира: