![Bisinov Radovis prijatelska](https://batali.mk/wp-content/uploads/371823534_861568845549973_8360836396003592157_n.jpg)
Ракометарите на Бисинов Фруитленд ја забележаа седмата победа во седмиот натпревар во Првата ракометна лига. На гостувањето во Кичево, тие го совладаа домашниот состав со резултат 31:22.
Содржината продолжува под рекламата
Велешани немаа некој посериозен отпор од домашната екипа, па така рутинирано и без многу пот го добија овој натпревар.
Содржината продолжува под рекламата
Одново на теренот блескаше Ивица Илиев со постигнати 12 погодоци, а по четири гола дадоа Атанасовски, Иванов и Силјанов. Кај домшниот состав се истакнаа Бојан Стојкоски со пет, како и Нацев и Велјановски со по четири погодоци. Во следното коло Бисинов Фруитленд ќе ја пречека екипата на Македонија Ѓорче Петров.
Можеби ќе ве интересира: