Министерот за здравство Меџити: Нека си ја мислат пушачите како понатаму

cigari
cigari

Ригорозни мерки за пушачите во 2024 година најави денес министерот за здравство, Фатмир Меџити. Одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот став за загадувањето, кое ги полни болниците и дали треба да има мерки за заштита, министерот Меџити првин рече дека тоа е надлежност на Министерството за животна средина, а потоа сподели момент од денешниот утрински колегиум, кој се однесува на засилени мерки против пушењето.

„Еве, денеска, имав колегиум со службите, го одржуваме секој понеделник наутро. Она што можам да ви најавам е дека ќе има ригорозни мерки за пушењето во 2024 година. Ќе потпишеме протокол со Светската здравствена организација. Е, сега, нека си ја мислат пушачите како понатаму“, рече министерот Меџити днес по отворањето на „Роса школа за доење“ во Клиничка болница Тетово.

Agria

И сегашниот Закон за заштита од пушењето предвидува ригорозни мерки, кои исклучуваат можност за пушење во институции, но особено во Скопје речиси и да нема институција што не мириса на чад од цигари. Кафеаните и кафулињата цела година работат во летни тераси, каде што е дозволено пушењето, а има и такви што само декларативно забранија пушење, па не ставаат пепелници на масите, но им кажуваат на гостите отпушоците да ги фрлаат на подот оти поради инспекциите, не смееле да стават пепелници.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира:

Izvorska 2
ЕКО авантура на Изворска Јуниор со успешна завршница и нови хоризонти!
Pozar neptun pazariste 1
Пожар кај Градскиот пазар во Велес, огнот бил во стан, првично се мислеше дека гори „Нептун“
puls-sudenje-1
Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
Picerija LEA
Последни вести
Нема кредит со „0“% камата – финансики инспектори открија измами
Четиринаесет пријави за семејно насилство деновиве во државата, приведени четири лица
Наскоро почнува летното сметање на времето: Совети од експерти за брзо приспособување на биоритамот
Нафтата продолжи да паѓа по најавите за најголемо ослободување на резервите
Скопјани нападнале млад велешанец со електрошок и тврд предмет во дом во Велес