
Велешкиот фудбалски второлигаш, Борец 1919 АД доведе уште едно квалитетно засилување за новата сезона. Нападот е засилен со Флорент Османи, досегашниот напаѓач на Вардар од Неготино.
Содржината продолжува под рекламата
Флорент Османи во кариерата настапуваше и за Гостивар, Струга Трим Љум, Велазерими, Скопје, Шкупи, Корзо, Вардар Неготино а има интернационално искуство со играње во Косово во екипата на Дрита.
Содржината продолжува под рекламата
За велешани ова е четврто официјално засилување за претстојната сезона. Претходно ги промовираше младиот голман Јакимовски, играчот од средниот ред, Цветановски а пред два дена го официјализираше и трансферот на Берат Исмаил.
Можеби ќе ве интересира:
- Четиринаесет пријави за семејно насилство деновиве во државата, приведени четири лица
- Наскоро почнува летното сметање на времето: Совети од експерти за брзо приспособување на биоритамот
- Нафтата продолжи да паѓа по најавите за најголемо ослободување на резервите
- Скопјани нападнале млад велешанец со електрошок и тврд предмет во дом во Велес
- Трамп: Војната со Иран е „речиси целосно завршена“
















