
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,54 % во однос на одлуката од 29.7.2024 година.
Содржината продолжува под рекламата
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува.
Содржината продолжува под рекламата
Од ноќеска на полноќ бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по 80,50 денари за литар, литар ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 83 денари, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 72,5 денари за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,321 ден/кг и сега ќе изнесува 44,060 ден/кг.
Можеби ќе ве интересира:
- „Отскочна јамка“ на Витомир Долински промовирана во Велес
- Велешанец побарал помош на банкомат, жената му ги земала парите и избегала
- Викендов стартува Општинската фудбалска лига на ОФС Велес
- Обвинителството против гаранцијата од 12 милиони денари за газдата на „Пулс“
- Борец 1919 по нови бодови во Неготино, Превалец го пречекува Млекар





















