Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини, вечерва, по завршувањето на ноемвриските натпревари од Лигата на нации, поднесе оставка од функцијата.
Оставката била доставена пред Управниот одбор, чие мнозинство пред 20 дена, побара итен состанок за разгледување на состојбите во македонскиот фудбал. По оставката на Сејдини, делегатите на ФФМ ќе одржат вонредно Изборно собрание на 22 декември.
Најсериозен кандидат за нов претседател на ФФМ е Масар Омерагиќ.