Фудбалскиот клуб Борец 1919 денеска го објави името на првото зимско засилување. Станува збор за Матеј Андов кој доаѓа од второлигашот Охрид и ќе го замени Петар Јакимов на голманската позиција кој се повреди на натпреварот со Детонит.
23-годишниот чувар на мрежата е дете на скопски Вардар и има богато прволигашко и второлигашко искуство настапувајќи за Силекс, Работнички, Кадино, Осогово, а ги има поминато сите младински репрезентации од У-14 до У-21.
Фудбалерите на Борец 1919 од вчера ги започнаа подготовките за пролетниот дел под водство на новиот шеф на стручен штаб Горан Симов, а од клубот најавија нови засилувања во периодот што следи.