Борец Баскет во недела ја пречекува Академија ФМП

Borec basket Mega Basket

Борец Баскет, прв пат во пролетниот дел ќе игра пред својата публика. Во недела, од 16.часот, во салата „Гемиџии“ во Велес гостува составот на Академија ФМП,  што, извесно, најавува возбудувања во текот на оние задолжителни 40 минути.

Велешани минатата недела го забележаа четвртиот пораз во сезоната од лидерот Ангели, додека Академија ФМП изненадувачки го совлада прилепскиот тим Мега Баскет и дојде до вториот триумф сезонава.

Agria

Натпреварот од 13 коло на Втората кошаркарска лига ќе започне во 16 часот, а судии на натпреварот ќе бидат Давидов, Петровски и Сулејман.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: