Тимот на Фруитленд Борец ја запиша првата победа победа на пријателските натпревари пред стартот на пролетниот дел од сезоната. На вчерашниот контролен натпревар во Неготино, велешани беа подобри од домаќинот со резултат 38:31.
За велешани ова беше петти и последен контролен натпревар пред стартот на вториот дел од ракометната Супер лига. Претходно Фруитленд Борец загуби од Пролет, со резултат 35:32, во Кавадарци, Тиквеш беше подобар со резултат 38:25, а поразени беа и од Вардар Скопје со резултат 40:26. На првиот тест натпревар велешани ремизираа на гостувањето во Прилеп со резултат 27:27.
Ракометната Супер лига продолжува наредниот викенд, а Фруитленд Борец ќе го пречека составот на Охрид.