Фудбалерите на Борец 1919, го забележаа првиот пораз во контролните натпревари пред стартот на пролетниот дел од Втортата фудбалска лига. На градскиот стадион „Зоран Паунов“ во Велес, гостите од Скопје беа подобри и ги совладаа велешани со 2:0.
Мора да се напомене дека гостите го добија овој натпревар во првиот дел кога новиот шеф на стручен штаб, Горан Симов на терен ја испрати условно кажано, втората постова накоја тој смета. Во вториот дел заиграа првотимците, но иако имаа неколку зрели шанси за гол не успеаја да го променат резултатот.
За Борец 1919 ова беше трет натпревар во контролниот период. Претхосно го совладаа Тетекс со 1:0, а на гостувањето во Гостивар одиграа нерешно со Арсими 3:3. Следен натпревар е веќе во сабота, кога во Велес, наместо најавената екипа на Слога од Виница ќе гостува екипата на Саса од Македонска Каменица.