30 years Kozuvcanka Web Banner_600x200

Ивица Илиев и Славјан Паунов го напуштија Фруитленд Борец

Ivica Iliev Fruitlend Borec

Велешанецот Ивица Илиев и искусниот голман Славјан Паунов веќе не се дел од велешкиот ракометен суперлигаш, Фруитленд Борец. Од клубот истакнаа дека постигнале договор за спогодбен раскин на нивните договори.

Zito akcija 640x289px

Раководството на Фруитленд Борец им се заблагодари на двајцата играчи за нивниот придонес кон клубот и им посака успех во понатамошната кариера. Клубот останува посветен на градењето силен тим за претстојните предизвици во домашното првенство и Kупот и е во потрага по играчи до крајот на трансфер периодот на позицијата голман и среден бек.

Agria

Фруитленд Борец досега се засили со хрватскиот лев бек Бариша Цвитановиќ, бразилскиот интернационалец Габриел Гуедеш Черубим кој игра на позиција десен бек, исто како и новајлијата Синиша Павлов и средните бекови Бобан Петров и Марио Миланов. Претходно тимот го напушти и Тоше Ончев, кој замина во Шпанија.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: