По завршувањето на Светското ракометно првенство, во фокусот на љубителите на ракометот се враќаат клупските натпревари. Велешкиот ракометен Суперлигаш, Фруитленд Борец на домашен терен ќе го пречека аспирантот за висок пласман, составот на Охрид.
Велешани во паузата се засилија со хрватскиот лев бек Бариша Цвитановиќ, бразилскиот интернационалец Габриел Гуедеш Черубим кој игра на позиција десен бек, исто како и новајлијата Синиша Павлов и средните бекови Бобан Петров и Марио Миланов. Претходно тимот го напушти и Тоше Ончев, кој замина во Шпанија, и ќе имаат тешка борба да обезбедат опстанок во дебитантската сезона.
Натпреварот ќе се одигра утре, сабота, во спортската сала „Гемиџии“ со почеток од 18 часот. Судии на овој натпревар ќе бидат Горан Седлоски и Горан Ангелески од Прилеп.