Од денеска ставупва во сила обврската за јавно објавување на цени на производите на веб-страниците, Здружението на приватни аптеки побара аптеките да бидат изземени од оваа регулатива. Тие сметаат дека новото правило претставува непотребен административен товар кој го одвлекува вниманието на фармацевтите од нивната основна задача, грижата за пациентите.
Од Министерството за економија и труд велат дека се подготвени за дијалог, но досега не добиле официјално барање за средба од здружението. Потсетуваат дека измените на Законот за заштита на потрошувачи се објавени на 4 март 2025 година, а стапуваат на сила утре, 18 април, оставајќи доволно време за прилагодување.