Јакимовски и поранешен општински службеник осудени за штета врз државниот буџет

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска беше осуден на три години и шест месеци затвор, со неправосилна судска пресуда по шестгодишен судски процес, соопшти Кривичниот суд во попладневните часови.

Zito akcija 640x289px

Судот го прогласи Јакимовски за виновен за бесправна градба на административниот објект, односно новата општинска зграда. Со пресудата, објектот се одзема во корист на државата.

Agria

„Судот го прогласи за виновен обвинетиот С.Ј за кривично дело – Бесправно градење од член 244-а став 1 од Кривичниот законик за изградба на деловен објект – административен објект на Локалната Самоуправа, и за ова кривично дело му изрече казна затвор во траење од 1 – една година. Предвидената казна за ова дело е од 3 до 8 години затвор, но имајќи ја предвид намената на објектот како и казнената политика на овој суд, судот ја изрече оваа казна. Имено според податоците, во овој суд досега се воделе 17 предмети за истото дело, од кои 8 се завршени со условни санкции, а само во два предмети се изречени затворски казни. Согласно член 244-а став 6 од Кривичниот законик, изградената недвижност деловен објект – административен објект на Локалната Самоуправа која се наоѓа на КП.бр.612 за КО Карпош, на ул.„Радика“ бр.9, Барака 1 и 2, се одзема во корист на Република С. Македонија. Судот го осуди обвинетиот С. Ј и за сторено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 4 в.в. со став 1 в.в.со член 45 од Кривичниот законик, на казна затвор во траење од 3 – три години. Со оглед дека на обвинетиот С.Ј му се суди истовремено за две кривични дела, судот откако претходно ги утврди казните за секое дело одделно, па за двете дела му изрече единствена казна во траење од 3 години и 6 месеци. Во изречената казна затвор на обвинетиот му се засметува и времето поминато во куќен притвор“, соопшти Судот.

Покрај Јакимовски, осуден е и поранешен вработен во општината, Т.Ѓ., кој доби условна казна затвор од две години. Доколку во наредните пет години не изврши ново кривично дело, казната нема да се изврши.

И двајцата обвинети се обврзани солидарно да ја надоместат причинетата штета на буџетот на државата.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: