Источен Петок – Бајаклија во Велес: Ден за молитва и здравје

manastir-sveti-dimitrija-vo-veles

Како што налага вековната традиција, првиот четврток и петок по Велигден, ние Велешани масовно се упатуваме кон манастирскиот комплекс „Свети Димитрија“, каде што се одбележува празникот Источен Петок – Бајаклија, посветен на Пресвета Богородица.

Zito akcija 640x289px

И годинава, вечерва и утре, нашите сограѓани ги посетуваат црквите „Св. Димитрија“, „Св. Петка“ и „Св. Никола“, каде што, според христијанскиот обичај, палат свеќи за здравје, мир и благослов. Овој празник има посебно значење за Велес, бидејќи се слави само кај нас и во прочуената Црква на Животодавниот Извор во Истанбул.

Agria

Манастирот „Св. Димитрија“ има богата и несекојдневна историја. Пет века бил затрупан под земја, за да се заштити од османлиите, а во 1820 година, по сон што го имал воденичарот Петар Здравев, повторно е откриен и станал едно од нашите најсвети места.

По повод утрешниот празник, вечерва во манастирот ќе се одржи Вечерна богослужба, на која ќе служат свештеници од Повардарската епархија.

Празнувањето на Источен Петок – Балаклија  е жив сведок на духовноста и културното наследство што Велешани го пренесуваат низ генерациите.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: