Приведени велешани кои биле фатени при кражба во Струмица, признале и дека украле возило во Велес

SVR Veles policija

Уапсени двајца велешани, кои биле фатени при обид да извршат кражба во подрумски простории во Струмица.

Zito akcija 640x289px

Според информациите, Б.Д.(24) и С.У.(23) го нападнале сопственикот на подрумот и неговиот сосед.

Agria

„На 25.04.2025 околу 09.15 часот тие биле затекнати при обид да извршат кражба од подрумска просторија од куќа на ул.„Спиро Захов“ во Струмица, при што физички ги нападнале сопственикот З.К. и неговиот сосед Д.Т., по што побегнале од местото, се појаснува во соопштението.

Тие биле задржани во Полициската станица Струмица и во присуство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица е извршено препознавање, а во службен разговор признале дека претходно сториле кривично дело „одземање на моторно возило“ на подрачје на Велес“ соопшти МВР.

Исто така, при преземање мерки било констатирано дека Б.Д. бил баран поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Идризово. Во текот на денот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава и ќе бидат изведени пред судија од Основен суд Струмица.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: