Панче Тошковски ги прими родителите и членовите на семејствата на загинатите во кочанската дискотека

Kocani potpisi vo kniga za zaginatite

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски ги прими родителите и членовите на семејствата на загинатите во кочанската дискотека „Пулс“. Ги увери дека никој нема да биде поштеден во истрагата и уште еднаш потенцира дека таа не е завршена, пренесува Локално.

Zito akcija 640x289px

На забелешка на дел од присутните, Тошковски вели дека чувствува морална одговорност.

Agria

„И јас сум немал доверба. И јас сум бесен и гневен. И мојата душа плаче и моите деца плачеа, кажа министерот и сподели со јавноста дека таткото на починатиот полицаец во трагедијата, го видел дека е присутен на погребот на неговиот син и побарал да го донесат до него за да му каже неколку зборови.

„Ми рече: министер ве пратам од првиот момент кога се нафативте со позицијата, ве гледам како се борите и како се кршите во моментот. Сакам да ви упатам порака да продолжите во борбата и да го истeрате ова до крај, немој да се повлекувате. Ова се негови зборови….Затоа не си поднесов оставка, сподели Тошковски и рече дека ќе ги ислуша сите родители што се дојдени и што имаат да кажат нешто.

Министерот ги смируваше членовите на семејствата на настраданите и се извинуваше што не може да ги сподели сите детали за истрагата во моментов. Најави дека такво нешто ќе биде возможно за два месеци кога ќе заврши истрагата и вети дека ќе го стори тоа.

По неколкуминутен разговор пред новинарите и камерите, родителите се согласија да го продолжат разговорот со Тошковски, но без присуство на медиуми.

Семејствата на настраданите во кочанската трагедија денеска излегоа на протестен марш кој започна од пред Основното јавно обвинителство, по што маршот продолжи кон Собранието каде беа пречекани од лидерот на СДСМ, Венко Филипче, пратеничките Славјанка Петровска, Сања Лукаревска, Бисера Костадиновска Стојчевска, како и Оливер Спасовски, Љупчо Николовски. Пред Собранието излегоа и пратениците на Левица, Борислав Крмов и Јована Мојсоска.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: