Инспекторите од Државниот пазарен инспекторат се на терен за да утврдат дали трговците, дистрибутерите или производителите имаат девијантно однесување, односно дали има зголемување на цените на прехранбените производи. Доколку се утврди зголемување на цените на производите во тој случај ќе се преземат поригорозни мерки, истакна на денешната прес-конференција министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Меѓу мерките кои за кои се размислува доколку има енормно зголемување на цените на прехранбените производи се ограничување на маржата, но, како што рече, може и да се покачи процентот на маржата.
Тој истакна дека инспекторите на крајот од тековниот месец ќе направат Извештај кој ќе го достават до Владата и министерството за економија и труд. Врз основа на него ако има како што вели дивијантно однесување на трговците и енормно зголемување на цените на производи, без финансиско оправдување од страна на трговците, дистрибутерите или производителите ќе се донесат поригорозни мерки во наредниот период.