СДСМ: Филипче поседува виза која не е добиена на основ на инвестиции или сопственост на имот

СДСМ излезе со реакција по обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ кон лидерот на партијата, Венко Филипче. Од најголемата опозициска партија тврдат дека ВМРО-ДПМНЕ во целосна безидејност продолжува да лаже иако претседателот на СДСМ јасно кажал дека не поседува никакви инвестиции ниту имот во Обединетите Арапски Емирати.

Zito baner

„Филипче поседува виза која не е добиена на основ на никакви инвестиции или сопственост на имот. ВМРО-ДПМНЕ наместо да лаже во континуитет и да се обидува да дефокусира, треба да почне да реализира нешто за граѓаните кои од оваа власт осврн неспособност, лаги и напади на опозицијата ништо друго не виде веќе цела година“, стои во партиското соопштение на СДСМ.

Agria

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: