Златен успех за ККК Вардар на Нишава, прво место во клупска конкуренција!

KKK Vardar Veles

На меѓународниот натпревар „Златно весло“, кој се одржа на реката Нишава во Ниш, кајакарите на Кајак Кану Клубот ВАРДАР блеснаа со извонредни резултати. Натпреварот собра силна конкуренција од најдобрите млади натпреварувачи – пионери и кадети – од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Во индивидуална конкуренција Марко Крстев го освои третото место во категорија помлади пионери. Во категорија пионери, Левче Картинов беше четврти, петото место го освои Михаил Арсовски а шести беше Мартин Атанасовски. Во категорија кадети со одличја се закитија Филип Петрушев како втор, трето место освои Валентино Атанасовски, додека четврти беше Илија Ѓорѓиев.

Agria

Во екипна конкуренција 3xK1 златни медали за пионерите во состав Картинов, Арсовски и Атанасовски и кадетите во состав Петрушев, Атанасовски и Ѓорѓиев.

Круна на денот беше големиот успех во клупска конкуренција – ККК Вардар го освои првото место меѓу 8 клуба, што е доказ за одличната подготовка, посветеноста и тимскиот дух на клубот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: