Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Минималните температури ќе се движат во интервал од 8 до 15 Целзиусови степени, а максималните од 24 до 35 степени, информираат од УХМР.
Во Велес времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде 15 степени, а максималната 35 Целзиусови степени.