Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има услови за нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени.
И во Велес ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 32 степена.