Мицковски: Владата размислува да воведе данок за неженети и немажени

Svadba

Во обраќање на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“ која се одржуваше во Владата, премиерот Христијан Мицкоски откри дека размислува за воведување нови даноци кои би го стимулирале наталитетот и на тој начин би се решиле демографските проблеми.
Премиерот рече дека во насока на поттикнување на наталитетот, Владата сериозно размислува за воведување на посебни даноци за лицата кои не стапиле во брак.

„Оваа Влада не го премолчува проблемот, го именува, го признава и се бори со него. Но, што значи таа борба? Тоа не е борба со едно министерство, тоа е борба на сите нас. Борба што се води во градинките, во училиштата, во родилиштата, во домовите, во иселеничките клубови, на граничните премини каде се простуваат мајки и синови. И ние ја почнавме. Секоја мерка, секоја инвестиција, секоја политика што ја носиме- е со цел да ја вратиме вербата. И тука сериозно размислуваме за дополнителни даноци за немажени и неженети.

Agria

Се надевам, професор Јаневска, дека оваа година читанката нема да биде “Мама, тато и јас”, туку ќе биде “Бато, дада, јас, мама и тато”. Затоа нашата борба е да го направиме животот овде вреден. Да го направиме мајчинството благослов, а не товар, вели Мицкоски во својот говор.

Според него, демографската рецесија не е проблем само на Македонија, но за разлока од некои земји во кои тоа е забележано како тренд, кај нас состојбата е алармантна.

„Во 2024 година, се родија 16.061 дете, а починаа 20.201 лице. Тоа е природен пад од 4.140 луѓе за само една година; Во последните 4 години, изгубивме повеќе од 33.000 жители- како да исчезна еден град од големина на Кавадарци или Кичево; Стапката на наталитет падна од 12,5‰ во 2010 година на само 8,8‰ во 2024. Во многу општини и села веќе нема ниту прво одделение. Сè повеќе луѓе живеат сами. Сè помалку се женат, сè помалку деца се раѓаат. Ова не се само бројки. Ова е тишина што се шири.

Мицкоски рече дека овој проблем бил ставан под тепих од претходните влади и не се гледало на него како на сериозна закана.

„А кога велиме дека „ги рушеа темелите“, не мислевме само на корупцијата, на стопираните проекти, на нефункционалните институции од минатата влада. Мислевме и на ова. На рушење на семејството. На губењето на иднината. На иселувањето како единствена опција.
Затоа велиме: Време е. Време е за иднина. Време е за држава-каде што ќе се раѓаат повеќе деца, тоа ни е главниот императив, повеќе млади да стапуваат во брак и да се раѓаат повеќе деца, а оние кои што се отселени да се вратат. Затоа што само така ќе се живее со повеќе срце.

Едгар Морен, рекол: „Демографијата не е судбина- туку огледало. Прашањето е: што ќе видиме во него и дали ќе имаме храброст да дејствуваме.“ Ние веќе гледаме. И веќе дејствуваме.

Да им дадеме на младите причина да останат. Да изградиме институции што не ја трошат туѓата младост, туку ја негуваат. Да изградиме држава во која надежта е поважна од пасошот. Знаеме дека нема магично решение, но има намерна, постојана државничка борба. И ние ја почнавме. Секоја мерка, секоја инвестиција, секоја политика што ја носиме е со цел да ја вратиме вербата. И тука сериозно размислуваме за воведување дополнителни даноци за немажени и неженети.“ – рече премиерот Мицкоски.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: