Велешанецот Илија Табаков ново засилување за Радовиш

Ilija Tabakov

Велешкиот ракометар Илија Табаков е најновото засилување на РК Радовиш. Станува збор за млад и талентиран лев бек, кој минатата сезона играше и на позицијата лево крило во дресот на Фруитленд Борец. Тој потпиша едногодишен договор со радовишкиот тим и ќе биде значајно име во составот за претстојната сезона.

Табаков потекнува од велешкиот ракометен клуб Борец, каде ги направи првите ракометни чекори. Во својата кариера има и еден период поминато во редовите на Бутел Скопје, по што се врати во родниот Велес и настапуваше за Фруитленд Борец. Неговите добри игри го доведоа и на поширокиот список на кадетската репрезентација на Македонија.

Agria

Инаку, пред Табаков, редовите на РК Радовиш ги засили и уште еден велешанец — голманот Даниел Ацев, што сведочи за фокусот на клубот на млади и квалитетни домашни играчи.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: