На територијата на државата 12 активни пожари

Во текот на изминатото деноноќие, се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор од кои 12 се активни, 5 се ставени под контрола и 16 кои се целосно изгаснати.
Oд 12 активни пожари најкритично е на подрачјата во општините Василево, Радовиш и Берово, особено во селото Нивичино и Малешевските планини. Во Прилеп, пожарите се активни околу селата Бешиште, Градешница, Дрен и Галиште, а делумно е под контрола делот меѓу Царевиќ и Смолани.

Пожари има и во Македонски Брод, помеѓу селата Црешево, Локвица и Крапа, како и во Желино, Петровец, Зелениково, Крива Паланка, Старо Нагоричане, Куманово и во Василево, во селата Сушево и Добрашинци. На теренот гори нискостеблеста шума, мешана шума, грмушки и ниска вегетација.

Во општина Македонски Брод, пожарите во селата Грешница и Латово се под контрола. Се контролира и пожарот во општина Струмица во селото Баница и населбата Софилари.

Agria

Пожарите во селото Јунузлија во општина Карбинци и во подрачјето помеѓу селата Драгоево и Селце во општина Штип, исто така, се ставени под контрола.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: