Кристијан Смилев без финале на Европското првенство во кајак

На денешното полуфинале од Европското првенство во кајак на диви води за јуниори и младинци до 23 години (U23), македонскиот претставник Кристијан Смилев го заврши настапот на последното, 30-то место. Со тоа, Смилев не успеа да обезбеди пласман во финалето.

Клучен момент на неговата трка беа промашувањата на 4. и 20. капија, што резултираше со значително заостанување од скоро 116 секунди зад водечките натпреварувачи.

Agria

Следен македонски претставник на првенството е Ангел Петрушев, кој денеска ќе настапи во полуфиналето од категоријата К1 мажи до 23 години. Неговото возење е закажано за 12:40 часот.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: