Четворица велешани пријавени за напад врз колега во угостителски објект
Четворица мажи од Велес ќе се соочат со пријава откако нивниот колега ги обвини дека го нападнале додека бил на работа во угостителски објект во градот.
Случајот бил пријавен во СВР Велес на 10 август околу 18:30 часот од С.Р. (37) од Велес. Тој навел дека бил физички нападнат од Д.Д. (38), Т.А. (45), С.С. (50) и Т.Б. (38), сите негови колеги.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава против четворицата.