Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 76 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 78, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 69,5, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 69 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 1,245 денари за килограм се намалува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 37,148 денари.