Горивата поевтинуваат за половина денар

benzin-gorivo

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,62 % во однос на одлуката од 9.09.2025 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.

Agria

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 75,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 77,50, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 69, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 69 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,408 ден/кг и сега ќе изнесува 36,740 ден/кг.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: