Новиот ракометен клуб Гемиџии од Велес го одигра својот прв официјален натпревар во пионерската конкуренција, но дебито заврши со пораз. На гостувањето во Куманово, тие беа совладани од истоимената екипа со резултат 29:19.
Домашниот тим покажа поголема подготвеност и самоувереност, наметнувајќи се како подобар противник уште од самиот почеток. Тремата го направи своето, па велешани до првиот погодок стигнаа дури во 8. минута, кога резултатот веќе беше 5:1 во корист на Куманово. До крајот на првото полувреме, домаќините ја зголемија предноста и заминаа на одмор со 16:9. Во вториот дел, Куманово рутински го одржуваше водството и без поголеми проблеми ги освои првите бодови во новата сезона.
Кај Гемиџии, Бојан Мартинов беше најефикасен со 6 голови, додека најдобар стрелец на натпреварот беше Михаел Милановски од редовите на Куманово, кој постигна 10 погодоци.
И покрај поразот, за Гемиџии ова беше значаен чекор во градењето на нова спортска приказна, со надеж дека искуството од овој натпревар ќе биде добра основа за подобри игри во продолжението од сезоната.