Денеска пристигнува есента

sonce vo esen

Денеска календарски започнува есента. Точно во 20 часот и 19 минути по средноевропско време настапува есенската рамноденица, кога денот и ноќта траат речиси еднакво.

Со овој астрономски настан завршува летото и почнува најшареното годишно време, кое ќе трае до 21 декември, кога ќе настапи зимската краткоденица.

Agria

Есенската рамноденица отсекогаш имала посебно значење за луѓето. Таа симболизира баланс, бидејќи денот и ноќта се изедначени, а воедно означува и почеток на жетви и плодност.

Од утре деновите постепено ќе стануваат сè пократки од ноќите, а промената на времето и падот на температурите ќе бидат сè поочигледни

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: