Од денеска нови правила: Парични казни ако преминувате на пешачки со телефон или со тротинет

Според новите измени во Законот за безбедност во сообраќајот, кои стапуваат во сила од денеска 26 септември, важат нови правила за употребата на мобилните и слушалките за пешаците, велосипедите и тротинетите.

Zito baner

Казната ако поминувате на пешачки премин со телефон во рака или на уво е 40 евра, а за возење тротинет, мотор или трактор со користење на електронски уред казната е 50 евра. „Пешакот е должен да се движи внимателно, без да користи уреди кои го намалуваат вниманието при преминување на коловоз или велосипедска патека“, пишува во Законот.

Agria

Според овие законски измени, од Нова година ригорозни ќе бидат казните за возачите кои ќе поминат на црвено или непрописно ќе паркираат, а кои ќе се ловат со камерите на проектот сејф сити.


Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: