Велешанецот Ангел Петрушев без полуфинале на Светското првенство во кајак слалом во Сиднеј

Angel Petrusev kajakar

Македонскиот кајакар Ангел Петрушев не успеа да обезбеди пласман во полуфиналето на Светското првенство во кајак слалом, кое оваа година се одржува во Сиднеј, Австралија, најголемиот и најпрестижен настан во светскиот календар на овој спорт.

Во денешната квалификациска трка, Петрушев го освои 57. место од вкупно 75 натпреварувачи, заостанувајќи зад најдобро пласираниот, Јакуб Крејчи од Чешка, за 12 секунди и 65 стотинки.

Agria

И покрај напорот и учеството на светската сцена, Петрушев нема да продолжи во полуфиналната фаза. Сепак, ова претставува значајно искуство за македонскиот репрезентативец во подготвките за идните натпревари на меѓународно ниво.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: