Пионерскиот состав на РК Гемиџии го забележа вториот пораз во тековната сезона од пионерското ракометно првенство. Велешани гостуваа кај екипата на Македонија Ѓорче Петров во Скопје, каде загубија со резултат 30:25. На полувреме домашниот тим имаше предност од шест гола (14:8).
И покрај поразот, младите ракометари од Велес покажаа борбеност, особено во второто полувреме кога ја намалија разликата. Најефикасен во редовите на Гемиџии беше Симон Бобевски, кој постигна 8 погодоци.
Гемиџии ќе имаат шанса за прва победа на домашен терен веќе на следниот натпревар, кога во Велес ќе ја пречекаат екипата на Младост од Богданци.