11 Октомври – Денот кога Македонија кажа НЕ на фашизмот

Makedonsko Zname

Македонија денес го одбележува 11 Октомври – Денот на народното востание, кога во 1941 година во Прилеп и Куманово започна организираниот отпор против фашизмот и борбата за ослободување на македонскиот народ. Овој ден го означува почетокот на народноослободителната борба и претставува пресвртница во историјата на македонската државност.

На 11 октомври 1941 година, Првиот прилепски партизански одред го нападна полицискиот участок и телефонско-телеграфската станица во Прилеп, а веќе наредниот ден, на 12 октомври, оружената акција ја продолжија и партизаните од Куманово.

Agria

Овој значаен датум е симбол на отпорот, храброста и стремежот за слобода – вредности кои остануваат длабоко вградени во темелите на современата македонска држава.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: